Во рамки на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и Општина Охрид, вечерва во Охрид ќе биде отворена изложбата „Врелиот снег на Сталинград”, посветена на 75-годишнината од завршувањето на Сталинградската битка.
Сталинградската битка е една од најкрвавите битки во историјата на човештвото во која што загинаа околу 479 илјади советски војници и 500 илјади германски и војници на сојузниците на Третиот рајх. Притоа животот го загубија и неколку десетици илјади цивили, жители на Сталинград.
Победата на советската војска во Сталинградската битка е еден од најзначајните воено-политички настани во Втората светска војна, која што даде голем придонес во Големата татковинска војна и имаше силно влијание врз исходот на Вторта светска војна.
Отворањето на изложбата е предвидено за 19 часот во Куќата на Уранија