Изложбата „Сѐ што доживуваме“ во Концепт 37

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Изложбата на дигитална уметност „Сѐ што доживуваме“/”All That We Perceive” ќе се одржи во петок на 8ми јуни, во Концепт 37, од 20.30ч. Изложбата ќе промовира дигитални композиции кои се темелат или се инспирирани од уличната уметност во Њујорк.

Автор на делата е Кервин Кендел Вилиамсон – визуелен уметник од Њујорк кој со оваа изложба се претставува по седми пат пред македонската публика. Во периодот од октомври 2014 до денес, Вилиамсон има изложувано самостојно и групно, во Отворено графичко студио (Музеј на град Скопје), две изложби во Младинскиот културен центар (Скопје), во Галерија 8, Коцепт 37.