Тестови со кои се докажува живот во Мозамбик покажаа дека на платниот список на цивилните служби има 30.000 „работници духови“.

МИнистерката за цивилна служба Кармелита Намашулуа рече дека некои се платени за работа што не ја извршуваат, додека други се или мртви или измислени.
Оваа измама ја чинела владата на Мозамбик околу 250 милиони долари од 2015 до 2017 година.
Владата признава дека корупцијата в државата е се уште голем проблем во Мозамбик, една од најсиромашните земји на светот. МОзамбик е 153од 180 земји според податоците на Глобалниот индекс на корупција.
Тестовите за „докажување живот“ подразбираат сите вработени во цивилните служби да се појават лично во канцеларија за да докажат дека постојат.
Тие кои не се појавиле престанале да земаат плата.
Во текот на две години од оваа проверка истражени се вкупно 348.000 работници.