Измамени скопјанец и косовски државјанин, им одзеле околу три илјади евра

од Vladimir Zorba

Косовски државјанин и 63-годишен скопјанец биле измамени во два одделни случаи.

Во првиот случај, како што информира МВР,  Ш.К. од Косово вчера на пладне пријавил во полиција дека на подрачјето на Карпош бил измамен од едно лице за сума од 500 евра.

Според пријавеното, лицето му се доближило и го прашало дали сака да купи три камења – дијаманти од негов пријател од Кувајт, кој бил со него. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, по што лицата заминале, а тој по кратко време сфатил дека бил измамен.

Во вториот случај, 63-годишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за сума од 2.300 евра од едно лице, кое се претставило дека е од Република Турција.

Според пријавеното, на 25 април 2023 година преку социјална мрежа и преку електронска пошта лицето го контактирало и го известило дека бил наследник на поголема сума на пари во банка.

Како што е пријавено, лицето му побарало да испрати лични податоци преку електронска пошта и пари за наводни трошоци. Исто така, според пријавеното, тој ги испратил личните податоци по меил, а парите преку брз трансфер, по што прекинала комуникацијата со лицето и тој сфатил дека бил измамен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

Слични содржини