Измамници понудиле 400 милиони вакцини на земјите на ЕУ: Количина вредна три милијарди евра

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Измамници понудиле 400 милиони дози вакцини против коронавирус на земјите од ЕУ во вредност од околу три милијарди евра, соопштија денеска двајца неименувани официјални лица од Европската комисија.

Како што пренесе „Ројтерс“, еден од нив рекол дека „трговците“ им понудиле вакцини од компанијата „Астразенека“ на владите на ЕУ и ја споредува ситуацијата со слична на почетокот на пандемијата, кога лажните трговци го искористија недостатокот на маски и друга заштитна опрема.

Едно од официјалните лица за „Ројтерс“ изјави дека станува збор за голема количина дози на вакцини и дека никој не знае што всушност има во нив, солена вода или нешто друго.

„Во најдобар случај, вакцината нема да делува, во најлош, се работи за многу сериозен проблем“, рече тој.

Другиот неименуван службеник рече дека ЕК е многу загрижена поради тие вакцини.

Европската унија претходно предупреди дека бројот на измами со вакцини е во пораст, како и дека лажните дози кружат на пазарот.

Слични содржини