300
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 09.07.2021 (петок), во периодот од 16.00 до 20.00 часот, поради снимање филм, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на ул.„Козара“ во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.