Поради асфалтирање на дел од патната мрежа, сообраќајот на патниот правец од Делчево кон Пехчево, во близина на село Црник се одвива со изменет дневен режим. Како што известија, раководните лица на ГД Гранит, измената на режимот на сообраќајот го регулираат вработени од претпријатието, кои ги пренасочуваат возачите кон алтернативни патишта.
