Изминатото деноноќие произведени 17.454 MWh електрична енергија, целосно задоволени потребите

од Nikola Popovski
282 прегледи

АД ЕСМ на 01.01.2023 година произведе 17.454 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, соопшти Владата.

Во Термоелектраните произведени се 12.781 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.673 MWh.

-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.500 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата. Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 01.01.2023 година, стои во соопштението.

Слични содржини