Изминатото деноноќие произведени 14.032 MWh, набавени 3.940 MWh електрична енергија

од Nikola Popovski
101 прегледи

АД ЕСМ на 04.12.2022 година произведе 14.032 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираа од Владата.

Во Термоелектраните произведени се 9.470 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.562 MWh.

-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.940 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, стои во владиното соопштение.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 04.12.2022 година.

Слични содржини