Луѓето се вид со кој управува цел спектар на чувства, од апсолутна депресија до незамислива среќа. . Сепак денешното општество не ги признава негативните чувства, туку ги претвора во пореметувања. Нормално е дека човек понекогаш се чувствува лошо, да е загрижен или несреќен поради моменталната животна ситуација.Иако тагата и лошото расположение отсекогаш биле дел од човечкото искуство, денес живееме во општество кое во потполност ги игнорира или обезвредува негативните чувства.

Краткотрајните лоши расположенија во денешното општество се третираат како разни пореметувања кои требаат да се лечат. Маркетингот и упорната пропагандна индустрија кои заработуваат на разните облици на самопомош на луѓето постојано им сервираат теорија дека сите треба да бидеме среќни. По пат на таква пропаганда луѓето се чувствуваат дека постојано мораат да бидат со добра волја, насмеани и среќни. Но тоа не е возможно и лошото расположение било и секогаш ќе биде едно од нормалните човечки чувства. Наспроти индустријата на среќа и богатство какво никогаш ги немало, среќата и задоволството со животот во Западното општество не се зголемило веќе со децении.
Кратка историја на тагата
Во раните историски периоди благата дисфорија (незадоволството, депресијата, вознемиреноста) се сметала за нормална секојдневна работа низ која сите луѓе поминуваат. Со тоа, најголемите човечки успеси се врзани за совладување, будење или негување на негативните чувства.Во античка Грчка многу големи писатели пишувале драми (грчки трагедии) со кои на публиката и го приближувале фактот дека никој не може да биде совршено среќен и дека судбината е сосема непредвидлива, дека носи и добро и лошо.
Шекспировите трагедии се класици кои биле одек на таа тема.Античките филозофи исто така во своите дела го опишувале совршениот склад на човечкиот живот низ прифаќање на добрите и лоши чувства. Дури и хедонистичкиот Епикур препознал дека воживотот треба да вежбаме мудри избори, воздржаност, самоконтрола и прифаќање на неизбежните несреќи.
Која е поентата на тагата?
Психолозите кои се занимаваат со проучување на еволуцијата на човечкото однесување сметаат дека секое чувство има своја корист, па така и негативните чувства-тие не предупредуваат дека нешто околу нас не е во ред и дека на тоа мораме да „одговориме„. Всушност, во спектарот на човечките чувства , постојат многу повеќе негативни чувства отколку позитивни, како што се страв, срам, нелагодност, стрес, тага или депресија. Негативните чувства ни помагаат да препознаеме, избегнеме или пребродиме опасни ситуации. Тешка и долготрајна депресија треба да се лечи, но благото незадоволство или тагата поради нешто, кое не трае подолго од неколку дена се нормални човечки чувства, таканаречени привремени лоши расположенија. Ваквите расположенија имаат своја намена, а тоа е да ни помогнат да ги совладаме секојдневните предизвици и тешките ситуации. Тагата може да ја освести емпатијата кај луѓето, сочувството и моралната и естетската сензибилност. А со тоа, благите облици на тагата, или немирот можат позитивно да влијаат на фокусираноста и на поврзувањето на информациите.
Психолошките предности на тагата
Се повеќе има докази дека негативните расположенија, како тагата, имаат психолошки предности, за да ја проверат таа теза, истражувачите направиле истражување во кое манипулирале со човечкото расположение така што би им прикажувале или тажни или среќни филмови и после гледањето ги мереле промените во разните когнитивни и бихевиористички активности.Чувството на тага или лошо расположение всушност поттикнало многу предности кај испитаниците. Подобро помнење. Се покажало дека лошото време , кое општо лошо влијае на човечкото расположение, всушност им помогнало на луѓето подобро да ги памтат деталите од тој ден. Точни проценки:Благо лошото расположение ги намалува човечките предрасуди кај создавањето на првиот впечаток. На пример, судиите кои биле со благо лошо расположение повеќе внимание посветувале на деталите кои им биле презентирани и донесувале точни и посигурни заклучоци.Откриле дека лошите расположенија исто така ја смалуваат лековерноста и го зголемуваат скептицизмот при оценувањето на урбаните митови или гласините, па дури и ја подобруваат способноста на луѓето попрецизно да ја откриваат измамата.
Мотивација..
Докажано е дека испитаниците во повеќе различни истражувања кои биле со лошо расположение се повеќе и подолго се труделе да ги решат зададените проблеми. Зголемена праведност… Луѓето кои биле во благо лошо расположение посветувале повеќе внимание на социјалните норми и очекувања, а другите ги третирале почесно и со многу почит. Без оглед на постоечкиот култ на среќата, не е секогаш пожелно да се биде насмеан ниту со добра волја, постојат многу ситуации каде е потребно да се прилагоди однесувањето на надворешните влијанија.Овие резултати покажуваат дека непопустливата и постојана потера по среќата кај луѓето често донесува потполно спротивни резултати. Урамнотеженоста на чувствата и носење со сите чувства, позитивни и негативни, е баланс кој би требало да се одржува. /СВ