Изненадувачки: Путин одобри подмирување на долговите за рускиот гас во странска валута

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Русија ќе им дозволи на земјите да ги подмират своите долгови за испораките на руски гас во странска валута, благодарение на одлуката на Владимир Путин во петокот, со која се смени претходната уредба за плаќања само во рубљи.

Во документот се појаснува и дека подмирувањето на долговите не подразбира автоматски продолжување на испраќањето руски гас до земјите должници. Иако е дозволено подмирување на долговите во странска валута, одлуката на Путин не ја менува претходната уредба за плаќање во рубљи за евентуални испораки на нови количини руски гас.

Путин го потпиша споменатиот декрет во март, принудувајќи ги европските клиенти да отворат сметки во рубљи кај Газпромбанк и да плаќаат руски гас во руска валута.

Снабдувањето со гас е прекинато за некои компании и за некои земји, како Полска и Финска, кои одбија да се согласат со такви услови.

Слични содржини