Изненадување: Денешните тинејџери созреваат побавно

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Денешните американски тинејџери почнуваат да имаат секс и да пијат алкохол околу три години подоцна од врсниците во 70-тите години на минатиот век, но и подоцна тргнуваат на работа, соопшти АФП.
Психолозите од Универзитетот во Сан Диего го анализираа начинот на живот на децата на возраст од 13 до 19 години врз основа на седум национални студии од 1976 до 2016 година. Тие воспоставија “вистинска културна револуција” во активностите на возрасните – секс, алкохол, возење и прва работа.

Денешните тинејџери се “помалку склони од оние од претходните децении да работат, да возат, да излегуваат во парови, да пијат алкохол, да излегуваат без родители и да водат љубов”, пишуваат научниците во списанието “Развој на децата”.

Овие промени се заеднички, во сите области, без разлика на расата, полот, социоекономската положба.

“Траекторијата на развој во пубертетот се забавила и тинејџерите созреваат побавно од претходно” – објасни Џин Туенд од универзитетот на Сан Диего.

„ Што се однесува до она што го прават возрасните денешни 18-годишни, личат на 15-годишните во минатото”.

Времето поминато на Интернет може да биде главен фактор во оваа промена.