Изненадување за руските медицински сестри: Италијанците кои ја победиле короната одлучиле да им се заблагодарат на овој начин (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
219 прегледи

Италијанците кои се излечиле од коронавирусот, во знак на благодарност им приредиле изненадување на руските медицински сестри.

Откако дошле во хотелот после смената, девојките во своите соби нашле цвеќиња и честитки од пациентите.

Италијанците кои оздравеле, го изразиле своето воодушевување од храброста и професионалноста на руските воено-медицински лица кон крајот на минатиот месец.

Тие веднаш почнале да ги дезинфицираат старечките домови во Ломбардија и да им помагаат во опремување на болниците. Вчера почнале да ги дезинфицираат старечките домови во три градови во провинцијата Бреша.