Полицијата штотуку изнесе на раце повреден граѓанин од Собранието. Тие го изнесоа од главниот влез.
Претходно репортерите на Телма јавија дека се слушнал татнеж од собраниската сала. Неофицијалните информации се дека полицијата фрлила шок бомба.
По татнежот граѓаните се упатија кон излезот, но веќе влегува нова група граѓани внатре во Парламентот. Полицијата не ги спречува.