Израел активира антитерористичка технологија за следење телефони „за да спречи ширење на Омикрон“

од Vladimir Zorba

Велика Британија, Германија и Италија во саботата открија случаи на нова варијанта на коронавирус омикрон, додека неколку земји воведоа ограничувања за патување од јужна Африка.

Израел соопшти дека ќе им забрани на сите странци да влезат во земјата и ќе ја воведе антитерористичката технологија за следење телефони за да спречи ширење на оваа варијанта.

Два случаи на омикрон откриени во Британија се поврзани со патување во Јужна Африка, изјави британскиот министер за здравство Саџид Џавид.

Британскиот премиер Борис Џонсон најави мерки кои се однесуваат на построги правила за тестирање за луѓето кои пристигнуваат во земјата и носат маски во некои области.

„Ќе бараме секој што ќе влезе во Британија да направи ПЦР тест до крајот на вториот ден по пристигнувањето и да се изолира додека не добие негативен резултат“, рече Џонсон на прес-конференција.

И Министерството за здравство на германската покраина Баварија објави два потврдени случаи на оваа варијанта. Две лица влегле во Германија преку аеродромот во Минхен на 24 ноември пред да биде укината мерката против Јужна Африка и сега се во изолација, соопшти Министерството.

Националниот институт за здравје во Италија соопшти дека случајот на новата варијанта бил откриен во Милано кај лице кое дошло од Мозамбик.

Чешките здравствени власти, исто така, соопштија дека истражуваат сомнителен случај на оваа варијанта кај лице кое живее во Намибија.

Варијантата за прв пат е откриена во Јужна Африка, а оттогаш е откриена во Белгија, Боцвана, Израел и Хонг Конг.

Слични содржини