Израел: Две дози на вакцината на „Фајзер“ 95,8 отсто ефикасни против коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
314 прегледи

Ризикот од болести предизвикани од коронавирус паднал за 95,8 отсто кај луѓето кои ги примиле двете дози на вакцината на „Фајзер“, објави во саботата израелското Министерство за здравство.

Вакцината исто така била ефикасна 98 отсто во спречување на температура или проблеми со дишењето и 98,9 отсто ефикасна во спречување хоспитализации и смртни случаи, соопшти Министерството.

Втората доза ја примиле 1,7 милиони луѓе

Резултатите се засноваат на податоците собрани на национално ниво до 13 февруари, меѓу Израелците кои примиле втора доза најмалку две недели претходно.

Според веб-страницата на Министерството за здравство, околу 1,7 милиони луѓе ја примиле втората доза до 30 јануари, поради што ги исполниле условите да бидат вклучени во истражувањето.

Слични содржини