Израел може да испорача околу 10 отсто од гасот кој Европа го увезуваше од Русија минатата година, изјави денеска во Берлин израелскиот премиер Јаир Лапид.
„Имаме намера да учествуваме во напорите да се најде замена за рускиот гас во Европа“, рече Лапид по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Шолц рече дека Берлин работи на подготовка на инфраструктурата за увоз на гас за да може да добива залихи од нови партнери, пренесува „Ројтерс“.