Израелски воени авиони нападнаа неколку цели на Хезболах во јужен Либан како одговор на нападите извршени од либанската милитантна група на северот на Израел.
„Воени авиони на воздухопловните сили нападнаа неколку цели на терористичката организација Хезболах, вклучително и воен комплекс со складиште за оружје и објекти за воена инфраструктура“, се вели во соопштението на израелските воздухопловни сили на мрежата X (Твитер).
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека терористите на Хезболах истрелале противтенковски ракети на северот на Израел од Либан во неделата, при што биле ранети неколку цивили.