Израел: Извршивме 120 напади врз појасот Газа за 24 часа

од Nikola Popovski

Израелските одбранбени сили извршиле 120 напади врз појасот Газа во претходните 24 часа, во кои користеле и 10 ракетни фрлачи, изјави портпаролот на ИДФ, Хидај Зилберман.

Според неговите зборови, неколку напади биле насочени кон богатата населба Римал во Газа, каде што живеат бројни лидери на Хамас.

Тој исто така изјавил дека израелските сили се подготвувале да ги нападнат новите локации уште синоќа.

Како што јавуаваат медиумите, според последните податоци досега се убиени најмалку 12 Израелци, а стотици се повредени.

Палестинската страна објави дека се убиени повеќе од 230 лица, од кои 213 во појасот Газа, а повеќе од 6.000 лица се повредени во тој предел, како и на Западниот брег.

Слични содржини