Израел пред судот на правдата во Хаг поради обвинение за геноцид

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Израел ќе ги брани своите постапки во Газа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, откако Јужноафриканската Република минатата недела покрена постапка против таа земја, обвинувајќи ја за геноцид, објавија денеска израелските медиуми.

„Израел, кој е долгогодишен потписник на Конвенцијата за геноцид, нема да ја бојкотира постапката. Ќе учествуваме и ќе го отфрлиме апсурдното обвинение кое претставува клевета“, рече советникот за национална безбедност Цачи Ханегби.

Израелскиот весник „Хаарец“ објави дека одлуката е донесена на состанок со кој претседавал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и по консултации со министерството за правда, армијата и Советот за национална безбедност.

Судските постапки може да траат со години, но непосредна цел на Израел ќе биде да го спречи судот да издаде привремена наредба за запирање на воената операција во Газа.

Во поднесокот за покренување постапка против Израел минатата недела, ЈАР изјави дека акциите на Израел во Газа се „геноцидни по природа бидејќи имаат за цел да доведат до уништување на значителен дел од палестинската национална, расна и етничка група“.

Слични содржини