Градоначалникот на Ерусалим го укина планот за собирање даноци во црквата , олеснувајќи ја кризата што доведе до тридневно затворање на црквата  на гробот на Исус , објавија израелските медиуми.

Во пораката од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат формираше тим за “решавање ” на ова прашање. Тимот ќе одржи разговори со црковните претставници.

Баркот рече дека неговиот даночен план се однесува само на комерцијалната сопственост на црквите, а не на богослужбите . Но, црквите велат дека планот ги крши  и топи долготрајните резерви.

Во знак на протест најголемите христијански деноминации ја  затворија во неделата црквата на Божјиот гроб “Воскресение Христово”, местото каде што христијаните веруваат дека  Исус Христос бил распнат и воскреснал.