Актуелно
Почетна / Глобално / Израел се подготвува да ги евакуира своите граѓани од крузерот во Јапонија: Тројца имаат симптоми на коронавирус

Израел се подготвува да ги евакуира своите граѓани од крузерот во Јапонија: Тројца имаат симптоми на коронавирус

Израел се подготвува да ги евакуира своите граѓани од крузерот „Дајмонд Принцес“ во соработка со јапонските власти, соопшти денеска израелското Министерство за здравство.

Како што е наведено, неколку осигурителни компании го изнајмиле авионот.

Израелскиот заменик министер за здравство, Итамар Грото и израелскиот амбасадор во Јапонија Јафа Бен-Ари разговараа за евакуацијата со јапонските здравствени власти, а министерот му наложи на Медицинскиот центар Шеба во Тел Хашомер да се подготви да ги прифати Израелците во карантин.

На тројца Израелци на бродот закотвен во пристаништето Јокохама кај Токио им е дијагностициран коронарен вирус.

Тие се хоспитализирани во Јапонија и имаат благи симптоми на болеста, од која веќе загинаа 1.776 луѓе, повеќето од нив во Кина.

Вкупно 15 Израелци се на бродот, а тројца од оние кои се хоспитализирани ќе останат во Јапонија додека не бидат негативни тестовите за вирусот, изјави професорот Грото за израелските медиуми.

loading...