Израелската армија отворила оган кон болницата Ал Кудс, убиени членови на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека нивните војници убиле членови на терористичка ќелија која наводно отворила оган врз нив од болницата Ал Кудс во градот Газа.

Според ИДФ, членовите на наводната терористичка ќелија отвориле оган врз војниците на 188-та оклопна бригада од лесно оружје, додека тие биле „меѓу цивилите на влезот во болницата“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Од ИДФ велат дека нивните војници со воздушна поддршка возвратиле на оперативците на Хамас, при што загинале 21 од нив, а при размената на оган нема повредени израелски војници, туку е оштетен еден тенк, пренесува „Танјуг“.

Среде размената на оган, ИДФ вели дека биле видени цивили како ја напуштаат болницата, а други оперативци излегле од соседните згради и се сокриле меѓу нив за да ги нападнат израелските сили.

Откако отвори оган врз војниците, ИДФ тврди дека членовите на Хамас, наводно, избегале назад во болницата.

„Овој инцидент е уште еден пример за континуираната злоупотреба од страна на Хамас на цивилните структури, вклучително и болниците, за извршување напади“, соопшти ИДФ.

Слични содржини