335
Израелската армија вечерва соопшти дека извршила воздушни напади врз две високи згради во Појасот Газа кои ги користел исламскиот екстремистички Хамас, кој е на власт во палестинската територија.
„Терористичката организација Хамас намерно ја става својата воена опрема во срцето на цивилното население во Појасот Газа“, соопшти армијата.
Како што се наведува, станарите биле однапред предупредени и побарано било да се евакуираат пред ударот.
Хамас се закани дека ќе истрела ракети кон Тел Авив како одмазда.