Израелската војска ги откри своите цели во Палестина

од Stefanija Kuzmanovska

Ова е четврти ден од војната меѓу Израел и палестинската екстремистичка организација Хамас, чии членови во саботата наутро извршија ненадеен напад од Појасот Газа.

Палестинскиот парламент и цивилните министерства во Појасот Газа се легитимни цели во офанзивата против Хамас, соопшти израелската војска.

Да потсетиме, досега на територијата на Израел загинаа повеќе од 900 лица, додека во одмаздничките напади на израелските сили во Појасот Газа загинаа 687 Палестинци. Со ова вкупниот број на загинати достигна речиси 1.600 жртви.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека нападите на неговата армија врз Појасот Газа ќе го „променат Блискиот Исток“ и дека „Хамас ќе доживее нешто страшно“.

Во ненадеен напад, Хамас зеде 150 Израелци како заложници и ги одведе на нивна територија, заканувајќи им се дека ќе ги убие доколку Израел продолжи да врши воздушни напади врз цивилното население во Појасот Газа без предупредување.

Слични содржини