Израелски амбасадор: Признавање на Косово во следните недели

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Израелскиот амбасадор во Тирана, Ноа Гал Гендлер рече дека неговата земја се очекува официјално да ја признае независноста на Косово во следните недели.

Ова го објави приштинска „Газета експрес“, повикувајќи се на албанската телевизија „Визион плус“, сепак, не беше објавено од ниту еден албански медиум.

„Ќе се случи наскоро, тоа е мое мислење, но не е одреден датум“, рече Гендлер, додавајќи дека Израел ќе отвори амбасада во Приштина, но не пред признавањето поради постапката.

Гендлер рече дека го смета за важно ветувањето на Косово да отвори претставништво во Ерусалим, но и ветувањето на Србија за преместување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.

Израелскиот амбасадор оцени дека и Белград и Приштина ќе имаат корист од договорот од Белата куќа и дека признавањето на Ерусалим за главен град на Израел е многу позитивен чекор, пренесува Танјуг.

„Сигурен сум дека тоа ќе ни помогне да ги решиме проблемите што ги имаме со Арапите на Блискиот исток“, рече тој, додавајќи дека до отворањето на амбасадата во Приштина, амбасадата во Тирана може да ја покрие и Приштина.

Слични содржини