207
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го информираше министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, дека израелски медицински експерти ќе допатуваат во земјава за да помогнат по пожарот во кој загинаа 59 луѓе.
Саар исто така изрази сочувство „за страшната трагедија во која загинаа повеќе од 50 лица, а десетици беа повредени во пожарот“.
„Израел стои зад Северна Македонија во овие тешки моменти“, се наведува во неговата објава на платформата Икс, каде што беа објавени и знамињата на Израел и Северна Македонија.
Фото: Принтскрин/ВидиВака