Израелски медиуми: Што ако сега S-300 стигне во Сирија?

од desk2
104 прегледи

Израелските медиуми анализираат што ќе се случи по соборувањето на рускиот авион “Il 20”, при што признаваат дека дел од одговорноста сноси и Израел. Стравуваат дека Русите може да пратат антиракетен систем S-300.

Авторот на написот во “Garec” смета дека овој инцидент може делумно да биде предизвикан (намерно) со задоцнетото известување од Израел, како и од многу други фактори, како можната недоговорена акција меѓу Русија и Сирија, пренесе СПутник.

Весникот заклучува дека Израел, најверојатно, во секој случај ќе мора во блиска иднина да ја ограничи својата воена активност во Сирија.

Весникот „Ерусалим пост“ од своја страна забележува дека реториката на русија на сметка на Израел по инцидентот со учеството на израелската авијација не била така остра. Сепак, стравува дека инцидентот може да ја наруши и онака кревката рамнотежа на Сирија.

Загриженост предизвикуваат и гласините за можни испораки на против-воздушниот комплекс S-300 на сириската војска, што може да ја отежне работата на израелската авијација во регионот.

Министерствотот за одбрана на Русија соопшти дека на 17 септември околу 23 часот изгубиле врска со авионот Il-20 koji кој се враќал во базата, а бил на 35 километри од Средоземното море.

МИнистерството наведува дека отприлика во тоа време четири израелски ловци F-16 нападнале сириски цели во Латакија. Според податоците на Министерството, криејќи се зад рускиот авион, израелските авиони го ставиле на удар на сирискиот систем PVO S-200 и сириските ракети со собориле.

Загинаа 15 руски војници. Рускиот минстер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија че одговори на соборувањето на авионот „Иљушин“.

Израелската војска соопшти дека со руските власти ќе ги подели сите одговарачки информации за да се истражи инцидентот со соборувањето на рускиот авион.