Израелскиот министер за одбрана: Нашите војници нема во скоро време да се повлечат од Појасот Газа

од Vladimir Zorba

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска за време на обиколката на границата со централна Газа изјави дека израелските сили нема наскоро да ја напуштат палестинската енклава.

„Терористите кои почнаа да го одбројуваат времето до повлекувањето на израелските сили, треба да го променат системот за пресметка и да почнат да одбројуваат до крајот на својот живот, кој доаѓа наскоро“, рече Галант.

Израелскиот министер за одбрана нагласи дека операциите на израелските сили на север и југ од Појасот Газа се развиваат поволно, додека борбите во центарот на енклавата ги нарече „интензивни“, пишува Тајмс оф Израел.

„Силите работат над земја и под земја, уништувајќи ја централната инфраструктура на организацијата Хамас, вклучително и местата каде Хамас ги произведуваше сите свои проектили и ги снабдуваше низ Појасот“, заклучи Галант.

Слични содржини