Израелците соопштија дека имаат лек за коронавирусот

од Берта Китинска

Истражувачите од медицинскиот центар Ишилов во Тел Авив успешно го завршија испитувањето на првата фаза на лекот, што може да придонесе за лекување на умерени и сериозни случаи на коронавирус, односно побрзо заздравување.

Како што е наведено, супстанцијата EXO-CD24 на професорот Надир Арбер била тестирана на 30 пациенти чии услови биле умерени или полоши, а сите 30 се опоравиле, од кои 29 во рок од три до пет дена, пренесува порталот „Times of Israel“.

Супстанцијата користи егзозоми, односно мали носители кои пренесуваат материјали помеѓу клетките за да доставуваат протеин наречен ЦД24 до белите дробови.

– Овој протеин се наоѓа на површината на клетките и има добро позната и важна улога во регулирањето на имунолошкиот систем – рече еден од истражувачите, Ширан Шапира.

Како што рече, протеините помагаат во смирување на имунитетот и „зауздување на бурата“.

– Подготовката се вдишува еднаш на ден неколку минути, пет дена. Подготовката е насочена директно кон срцето на бурата – кон белите дробови, за разлика од другите формули. EXO-CD24 се применува локално, делува широко и без контраиндикации – рече Арбер.

Наскоро започнува нова фаза на тестирање на лекови.

Директорот на медицинскиот центар Ишилов, Рони Гамзу, рече дека истражувањето е напредно и софистицирано и дека може да спаси бројни пациенти.

 

Слични содржини