Изречена првата затворска казна за немири во Капитол

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Првата затворска казна за учество во немирите на 6 јануари, во Вашингтон, му беше изречена на Пол Алард Хоџкинс од Флорида.

Тој во јуни се изјасни за виновен за немирите на Капитол Хил, со цел да ја попречи работата на Конгресот, и сега е осуден на осум месеци затвор.

Обвинителството побара 18-месечна затворска казна, наведувајќи во образложението дека Хоџкинс „придонел за колективна закана за демократијата“.

Хоџкинс (38) пред судот во Вашингтон рече дека учеството во упадот во Капитол била „глупава одлука“ и дека жали за „штетата предизвикана од инцидентот и начинот на кој беше повредена оваа земја што ја сакам“.

„Ако имав идеја дека протестите ќе ескалираат, никогаш немаше да одам подалеку од тротоарот на авенијата Пенсилванија“, рече тој.

Видеото го прикажува Хоџкинс во просторијата на Сенатот, облечен во маица од кампањата на Трамп, со заштитни очила околу вратот и знаме на Трамп префрлено преку рамото.

Оваа казна се очекува да биде репер за стотиците преостанати поврзани со немирите во Капитол.

Федералното биро за истраги (ФБИ) досега уапси повеќе од 535 лица за кривични дела на денот на немирите.

Во нападот на Капитол Хил, стотици приврзаници на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во Конгресот во обид да спречат потврда за победата на Џозеф Бајден.

За време на рацијата беа убиени пет лица, меѓу кои и еден полицаец во Капитол.

Слични содржини