Министерството за одбрана на РФ прецизираше дека на подрачјето на авионската несреќа се откриени 15 тела на загинатите.
„Пред помалку од половина час е најдена и извадена втората црна кутија на авионот Ту-154“, соопшти Министерството за одбрана на Русија и додаде дека операцијата за пребарување тече непрекинато, пренесува „Интерфакс“.
„На подрачјето на пребарување во моментов се вклучени 45 бродови и пловила, 15 длабоководни апарати, 192 нуркачи, 12 авиони,5 хеликоптери и беспилотна авијација“, изјавија од воениот ресор на Русија.
Министерството исто така соопшти дека на подрачјето на авионската несреќа се пронајдени 15 тела на загинатите и 239 фрагменти од телата на жртвите во трагедијата.
„13 тела и 168 фрагменти се веќе доставени во Москва во Бирото за медицинска експертиза за идентификација и генетско вештачење“, се вели во соопштението.
Од 105 роднини на загинатите се земени примероци од биолошки материјал, потребни за генетско вештачење и идентификација, информира Министерството за одбрана на РФ.
Телевизија „Ѕвезда“ објави видео од работата на нуркачите вклучени во операцијата во водите на Црното море.
Извор Руска реч