Извајани стомачни мускули на кои секоја жена би позавидела

од desk2
78 прегледи

Никол Кидман го потсети светот зошто и понатаму можеме да ја наречеме една од најпривлечните жени на Холивуд.

51-годишната актерка и нејзиниот сопруг уживаa во фамилијарниот ден на една плажа во Сиднеј, а фотографите успеаја да ја фотографираат Никол во бикини. Таа и сопругот Кит Урбан уживаа во сончевиот ден со своите две ќерки, 10-годишната Сандеј Роуз и 8-годишната Фејт Маргарет.

Во модерен точкаст костим за капење, Кидман изгледа неверојатно. Освен што актерката е позната по својата витка линија, таа може да се пофали и со совршено извајаните стомачни мускули.

Никол Кидман отсекогаш била синоним за добар изглед, префинетост и женственост, но многумина обожаватели не знаат дека таа изгледа олку добро во бикини.

https://www.instagram.com/p/Br5oWajBXOF/?utm_source=ig_embed