Изведувачот кој ќе ја претставува Италија на Евровизија: Ова е победничката песна на Санремо (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
215 прегледи

Заврши 74. издание на Санремо, еден од најстарите музички фестивали, а Италија го избра својот претставник на овогодинешната Евровизија во Ливерпул.

По 28 песни претставени на Санремо, петте изведувачи со најголем број гласови се пласираа во суперфиналето.

Триумфираше Марко Менџони со песната „Due vite“. Тој беше фаворит за победа на Санремо од самиот почеток.

Инаку, Менџони е многу популарен во Италија, а се прослави во 2009 година, по учеството во нивната верзија на музичкиот натпревар „Х-Фактор“.

Тој ја претставуваше Италија во 2013 година во Шведска на Евровизија и го освои седмото место со 126 поени.

Да потсетиме, Италија пред две години победи на Евровизија кога бендот Манескин ја воодушеви Европа, а интересно е што и тие, како и Марко Менџони, кариерата ја започнаа во талент шоуто.

Слични содржини