Извештај на американски експерти: Војна со Русија на Балтикот? НАТО паѓа за 36 часа!

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Секое можно сценарио завршува со руската армија на портите на Талин или Рига.

Russian soldiers move atop of their APCs on August 11, 2008 in the village of Zemo Nikozi, some 15 kilometers from Tskhinvali. During clashes with Georgian troops in the area, four Russian soldiers were killed.  Georgia on August 11 resumed aerial and artillery bombardment of Tskhinvali, the main town in South Ossetia, Interfax news agency quoted the head of Russian peacekeepers in the region as saying.   AFP PHOTO/ DMITRY KOSTYUKOV

Вооружените сили на Русија можат да го прегазат сегашниот воен контингенти на НАТО во балтичките земји во рамките на часови што ќе и остави на Алијансата многу малку можности, освен да го признае поразот на најранливите сојузници.

Вака гласат заклучоците во последниот извештај на влијателниот американски тинк-тенк, корпорацијата “Ранд”, тесно интегрирана со воениот комплекс на САД.

Експертите на компанијата разгледувале во теорија неколку хипотетички сценарија на воени игри во кои Русија се обидува да ги заземе главните градови на Естонија и / или Латвија, користејќи исти сили како за време на анексијата на Крим во 2014 година, пишува Адам Уитнл од “Индипендент” .
Излезот, во чистиот текст, е катастрофа за НАТО, заклучуваат експертите, според кои говорат дека во секое можно сценарио, завршува со руската армија на портите на Талин, Рига или и двата града најдоцна во рок од 60 часа.

Со однос на копнените сили два на еден во корист на Русија, која има многу тешко вооружување од одбраната на балтичките земји, некои симулации покажале заземањето на Талин и Рига за помалку од 36 часа.

Симулирањето на воени игри доаѓаат во позадината на растечката тензија меѓу Русија и Западот, кое се повеќе личи на долготрајно противење, но не и на откриени воени дејствија, предвидуваат од “Ранд”.

Последните недели Русија предислоцира воени бродови во Средоземното и Балтичкото Море, шри што и распореди ракети со нуклеарен потенцијал во енклавата си Калининград, а нејзини бомбардери продолжуваат да прелетуваат по границите на Западна Европа.

Во одделен извештај “Ранд” истакнува дека Русија е повеќе од способна да ги “игнорира нормите за територијална агресија и тоа го смета за угодно”.

Како дел од симулација “Ранд” се предвидени можните потези на НАТО, ако Москва одлучи да ги нападне Талин или Рига, сите се “ограничени” и “лоши”.
Практично Алијансата ќе има пред себе три можни активности: да лансира голема контраофанзива и да ги врати градовите во рамките на подолг конфликт; да и се закани на Москва во обид да ја принуди Русија да се повлече; или да прифати барем на краток рок, воена реалност.

Првите две опции според “Ранд” можат многу брзо да ескалираат до потенцијалното користење на нуклеарно оружје. Последната ќе резултира во најдобра опција до нова студена војна. Од своја страна, НАТО веќе предупреди за растечката несоодветност на силите со Русија на источните граници.

Врховниот командант на НАТО, американскиот генерал Кертис Скапароти изјави во вторникот: “Она на што сме сведоци, се руски учења, кои ги надминуваат оние на НАТО по димензии, цели, содржини и транспарентност.

Треба да останеме стратешки и кохерентно ориентирани во пристапот кон заштита на нашите граѓани. Сега е време Алијансата да остане силна. ”

Сојузниците од НАТО веќе напредуваат со договорените во јули и планови за распоредување на илјадници војници и опрема во Прибалтикот.

САД во средата дека ќе пренасочи целосна бригада меѓу 1500 и 3000 војници кон Полска во февруари. Велика Британија се очекува да испрати борбени авиони “Тајфун” кон регионот на Црното Море и војници, тенкови и оклопни возила во Естонија во пролетта заедно со армиите на Данска и Франција. Од февруари следната година Германија ќе испрати меѓу 400 и 600 војници во Литванија.

Но дури и тоа е шест до седум пати помалку од потребното според “Ранд”, за да се спречи руски напад.

Од експертската група шпекулираат дека “ќе се потребни седум бригади, вклучувајќи три тешки оклопни – адекватно поддржани од воздухот, артилерија и други помошни копнени единици – кои се во борбена готовност уште во самиот почеток на непријателствата за да се спречи брзото освојување на земјите од Прибалтикот “.

Издршката на слични сили ќе ги чини земјите од НАТО околу 2,7 милијарди долари годишно, што е прилично разумен трошок имајќи го во предвид можните загуби од неуспешната заштита на најранливите членови на Алијансата, забележуваат експертите од “Ранд”.