Извештај на Европската комисија против расизам: Македонските Бугари се пожалиле дека се етикетирани како фашисти

од Nikola Popovski
161 прегледи

Од 2016 година Северна Македонија постигна напредок и разви добри практики на повеќе полиња во справувањето со расизмот и нетолеранцијата, но сепак некои прашања и натаму се причина за загриженост, особено во однос на дискриминацита на припадниците на ЛГБТИ заедницата и на Ромите, се оценува во шестиот извештај на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ) кој беше објавен денеска.

Во делот за говор на омраза, се споменуваат и инцидентите со етничките Бугари во нашата земја.

Според ЕКРИ, претставници на етничките Бугари во земјава со кои разговарала Комисијата се пожалиле дека типичен стереотип што се користи е „етикетирањето на сите Бугари како фашисти“, а друга „широко распространета навреда е насочена кон Бугарките, прикажувајќи ги како евтини проститутки“.

Комисијата посочува и дека „во неколку наврати имало насилство врз лица и организации на граѓани на Северна Македонија кои се самоидентификуваат како Бугари“, како и дека има „дерегистрација/распуштање на некои постоечки бугарски културни здруженија“.

Се наведува дека бил предизвикан инцидент во сега веќе згаснатиот клуб „Иван Михајлов во Битола од страна на пејач. Се спомнува и името на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид и инцидентот со употреба на огнено оружје.

ЕКРИ е составена од независни и непристрасни членови назначени врз основа на нивниот морален авторитет и призната експертиза во справувањето со расизмот, ксенофобијата, антисемитизмот и нетолеранцијата.

Слични содржини