Извештај на „Фридом хаус“: С. Македонија има демократски напредок и политичка дисфункција

од Nikola Popovski

Во извештајот на „Фридом хаус“ за „Државите во транзиција за 2023“, кога станува збор за состојбата на демократијата, Србија остана на исто ниво, мали подобрувања се забележани во Албанија, Косово и Северна Македонија, а пад е забележан во Црна Гора и Босна и Херцеговина, објави Гласот на Америка.

Земјава добила оценка 3.86 за демократски прогрес, за разлика од 3.82 во претходниот извештај, на скала од 1 до 7.

Во регионот најдобро рангирана е Хрватска со 4,25, а најниска е Босна и Херцеговина со 3,21. Албанија и Црна Гора беа оценети со 3,79, исто како и Србија. Повеќето земји од Балканот се во категоријата влади во транзиција или хибридни режими.

Во извештајот се наведува дека долготрајниот процес на пристапување во Европската унија на Западен Балкан го зголемува разочарувањето од Унијата и ја ослабува нејзината моќ да поттикнува реформи.

Македонија во извештајот постигна скор од 48 поени од можни сто, а лани имаше 47 поени.

Во извештајот се забележува и дека Северна Македонија и Црна Гора доживеале акутна политичка дисфункција во текот на 2022 година, но нивните резултати во демократскиот развој се движеле во спротивни насоки.

Слични содржини