Досега невидени високи царини во еден век. Нестабилна и флуидна година, но сепак полека се исцртува “економскиот пејсаж“ по царинските и трговските политики на Трамп кон светот. Економските и финансиските лидери од светот во Вашингтон каде се објави новиот извештај на Меѓународниот Монетарен Фонд за глобалната економија.
И во оваа 2025- та светот сведочеше на трговска “војна на титаните“, но според ММФ последиците ги чувствува и американската економија, пишува „Бизнис инфо“.
И Македонија нотирана во новиот есенски извештај на ММФ. Според новите прогнози домашната економија годинава ќе испорача раст од 3,4% додека следната година ќе се намали на 3,2%. Во однос на земјите од регионот Македонија ќе има ист раст на БДП како Албанија, повисок од Босна и Херцеговина, Србија и од Црна Гора, а понизок од Косово каде растот ќе биде 3,9% поради што Косово ќе биде “лидер“ во регионот. Дефицитот на тековната сметка на Македонија годинава ќе изнесува 3,6%, а следната 3,1%. За разлика од владините прогнози, ММФ со повисоки за инфлацијата, годинава ќе изнесува 3,9%, а следната 3 %.
Целиот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК.