Извештај на Претставничкиот дом: За време на неговиот мандат, бизнисот на Трамп добил 7,8 милиони долари од странство

од Vladimir Zorba
480 прегледи

Компаниите поврзани со поранешниот американски претседател Доналд Трамп добиле најмалку 7,8 милиони долари од 20 различни земји за време на неговиот мандат, според извештајот на комисијата на Претставничкиот дом.

„Овие земји трошеа, често раскошно, на станови и хотелски престој во имоти во сопственост на Доналд Трамп, лично збогатувајќи го претседателот додека тој носеше надворешнополитички одлуки поврзани со нивните политички цели со далекусежни последици за Америка“, се вели во извештајот на истражителите на комитетот, во кој мнозинство имаат демократите.

Меѓу овие земји се Турција, Малезија, Кина, Саудиска Арабија и ДР Конго, пренесува Ројтерс.

Слични содржини