Извештај на Стејт департментот за трговијата со луѓе: С. Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди

од Nikola Popovski
300 прегледи

С. Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значајни напори во таа насока, беше наведено во годишниот извештај на Стејт департментот за трговија со луѓе во светот, до кој „Гласот на Америка“ имаше увид.

С. Македонија останала на второто ниво, но состојбата во таа земја треба дополнително да се следи, се наведува во документот.

Во извештајот, кој се однесува на 2021 година, се наведува дека македонските власти презеле напори за судска разрешница на повеќе случаи и развиле пристап што е ориентиран кон посттрауматска заштита на жртвите и децата од трговијата со луѓе. Сепак, се додава дека стандардите во повеќе клучни области не се исполнети.

Земјите се рангирани во три нивоа, прво, второ и трето, при што второто има поткатегорија, што подразбира дополнително следење на состојбата на една земја во борбата против трговијата со луѓе.

Извештајот на Стејт департментот за трговија со луѓе е еден од најсеопфатните извори на информации за напорите против трговијата со луѓе на владите ширум светот. Првиот документ беше објавен во 2001 година.

Слични содржини