Македонија е на 75-то место од 95 земји со резултат 5, според најновиот светски извештај за среќата, направен според традиционалната анкета на агенцијата „Gallup“.
Во регионот, сите се подобро пласирани од нас. Најдобро се рангирани Хрватска – на 23.место со оценка 6,51 и Словенија- на 26.место со 6,46. Зад нив се Косово на 31.место, Србија на 42.место, БиХ на 58.место, Албанија е на 63.позиција.
Топ три најсреќни места за живеење се Финска со оценка 7,89, Исланд со 7,58 и Данска со 7,51. Зад нив се Швајцарија, Холандија, Шведска, Германија и Норвешка.
Од земјите надвор од европскиот континент, само Нов Зеланд „се наметна“ во топ 10, додека Канада падна на петнаесеттата позиција. САД се искачија од 19-то на 14-то место.
На дното на листата, односно меѓу најнесреќните земји во светот, доминираат африканските земји.