Извлечена џиновска риба од езерцето во Градскиот парк (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
616 прегледи

Огромна риба од видот „толстолобик“ вчера е извлечена од езерцето во градскиот парк во Скопје. Примерокот е долг над еден метар и тежок околу 15 килограми.

Вработените во ЈП „Комунална хигиена“, кои неколку дена го чистат езерцето, објавија фотографии со рибата на социјалната мрежа Фејсбук.

Овој тип риби,според познавачите, ги има во Охридско Езеро, во Крушевско Езеро, но и во други акумулации.

Во Европа и во Македонија има два вида толстолобик, сив и бел. Го карактеризира тоа што расте брзо, многу јаде а цревата му се 15 пати подолги од неговото тело. Има широко тело, од страните сплоснато, главата му е исто така широка и со дебело чело, затоа и го добил името по рускиот збор („толстиј лоб“ – дебело чело). Се храни претежно со фитоплакнтон, алги и едноклеточни организми.

Слични содржини