Денеска нешто по 15 часот беше извлечено и телото на 56-годишниот маж од водите на Вардар по вчерашната несреќа кај селото Рашче, скопско. Полицијата, нуркачи, но и дронови од синоќа трагаа по А.А.
Тоа е и последната жртва од трагичната несреќа во која загинаа три жени, а едно дете е повредено. За среќа, детето, кое било во автомобилот, паднало на патот во моментот на лизгањето на возилото, што му овозможило да се спаси од поголема штета.
Јавниот обвинител веднаш издаде наредба за обдукција на четвртата жртва од тешката несреќа.
Вчера околу 21 часот, полициски службеници од САЕ „Тигар“ го извлекле од водите на реката Вардар автомобилот „Ауди“ со скопски регистарски таблички. Во возилото биле пронајдени телата на три починати жени: Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59), сите од селото Грчец, скопско.
Се уште се работи на утврдување на причините кои доведоа до оваа трагедија.