Извор од Белата куќа: Се појавуваат нови прашања за Украина – еве за што се преговара

од Nikola Popovski
81 прегледи

Преговорите предводени од САД во Саудиска Арабија со делегациите од Украина и Русија напредуваат добро и наскоро се очекува позитивно соопштение, изјавил синоќа за Ројтерс извор од Белата куќа.

„Разговорите олеснети од техничките тимови на администрацијата на Трамп во Ријад се одвиваат исклучително добро и сите вклучени страни работеа деноноќно. Очекуваме позитивно соопштение во блиска иднина“, рекол изворот.

Делегацијата на САД се состана со украинските власти во Ријад во неделата и со Русите во понеделникот. Разговорите главно се фокусирале на прекин на огнот во Црното Море, но Трамп нагласил дека се појавуваат и други прашања како дел од неговите напори да стави крај на тригодишната руска војна против Украина.

„Во моментов зборуваме за територија. Зборуваме за линии за разграничување. Зборуваме за енергија, сопственост на електрани. Некои луѓе велат дека САД треба да ја поседуваат електраната бидејќи имаме експертиза“, кажал Трамп.

Американскиот претседател во понеделникот кажа дека очекува наскоро да биде потпишан американско-украинскиот договор за поделба на приходите од клучните минерали во Украина. Тој, исто така, им рече на новинарите на состанокот на владата дека САД разговараат со Украина за можноста американските компании да поседуваат украински електрани.

Украинската национална телевизија „Суспилне“ објави дека украинската и американската делегација ќе се сретнат во вторник на разговори кои ќе следат по руско-американските преговори. Телевизијата, повикувајќи се на неименуван извор во украинската делегација, објави дека украинскиот тим ќе остане во Саудиска Арабија уште еден ден за да се сретне со претставници на САД.

Слични содржини