Извозот на руски гас надвор од поранешниот советски блок речиси преполовен

од Nikola Popovski
148 прегледи

Денеска Газпром ја објави оваа информација во анализата на работењето во минатата година, која беше обележана со силно намалување на испораката на руски енергетски производи во Европа како резултат на санкциите на Западот поради руската офанзива во Украина, пренесува „N1“.

Во соопштението, извршниот директор на компанијата Алексеј Милер објави дека групата извезла 100,9 милијарди кубни метри гас во 2022 година во земји „далеку во странство“, термин кој не ги вклучува поранешните советски републики.

Во 2021 година, Газпром извезе 181,1 милијарди кубни метри гас во истите тие земји.

По воведувањето на западните економски санкции против Русија, како реакција на нејзината воена интервенција во Украина, Москва значително го намали извозот на енергија во ЕУ.

На почетокот на декември, Европската унија, земјите од Г7 и Австралија се договорија да воведат ограничување за цената на руската нафта од 60 долари за барел, со надеж дека тоа ќе ја лиши Москва од значителен приход.

Како одговор, Русија објави дека од 1 февруари ќе ја забрани продажбата на својата нафта на странски земји кои користат ограничувања на цената на нафтата.

За да ги надомести загубите, Москва се обидува да ги зголеми своите испораки на гас за кинеската економија, главен потрошувач на енергија, и го забрзува тој процес.

Рускиот претседател Владимир Путин на крајот на декември започна со експлоатација на големо наоѓалиште во Сибир, што ќе овозможи зголемување на извозот во Кина. Русија планира да започне со изградба на гасоводот Моќта на Сибир 2 во 2024 година за снабдување на Пекинг преку Монголија.

Директорот на Гаспром Милер денеска изјави дека изгледите за зголемување на потрошувачката на гас во светот главно се поврзани со Азија и пред се со Кина.

Милер рече дека во 2022 година, испораките во Пекинг, на барање на Кина, го надминале износот предвиден во договорите.

Според Милер, постојниот гасовод „Power of Siberia One“ и идниот од Далечниот Исток, „Power of Siberia Two“, ќе овозможат испорака на околу 100 милијарди кубни метри руски гас во Кина.

Слични содржини