Во првите шест месеци на годинава, руски Газпром испратил 9,93 милијарди кубни метри гас за Европа на сите преостанати клиенти, пресметал Ројтерс, врз основа на статистиките на „Турски поток“, последниот цевковод преку кој Русија уште испраќа гас на клиентите во Европа.
Во споредба со истиот период минатата година, кога Газпром испорачал 18,3 милијарди кубни метри, станува јасно дека бројките се преполовени. Просечно 1,4 милијарди кубни метри гас месечно во периодот јануари – јули 2025 зборуваат дека ако трендот продолжи, до крајот на годинава рускиот снабдувач ќе испорача вкупно околу 17 милијарди кубни метри, што е негативен рекорд во периодот од почетокот на 1970-те години досега.
По склучувањето со големиот договор со Германија, во 1980 година, од СССР во Европа стигнале 54,8 милијарди кубни метри гас. Во најдобрите години – 2018-2019, се испорачувани 170-180 милијарди кубни метри газ. По инвазијата на Украина и почетокот на војната, тие бројки паднале на 28 милијарди во 2023 година, а во 2024 година се испорачани 32 милијарди кубни метри гас.
Од почетокот на годинава, Украина го сопре транзитот на руски гас преку нејзина територија. Украинскиот гасовод имаше капацитет од 140 милијарди кубни метри гас годишно.
„Турски поток“ минува преку Бугарија.