Извозот на сладолед лани ни донесе над седум милиони долари

од Vladimir Zorba

Извозот на сладолед во светот минатата година достигна вредност од 4,14 милијарди долари, а Македонија е 46-та со извоз од 7.294.000 долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Извозот на сладолед од земјава на странски пазари лани е намален за 7,2% во споредба со 2018 година.

Најголеми извозници на сладолед во светот минатата година беа Франција со 556,9 милиони долари и Германија со 555,7 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници на сладолед се најдоа и: Белгија (423 милиони долари), Холандија (315 милиони долари) и САД (250 милиони долари).

Од земјите во регионот, највисоко котира Србија (17-то место) со извезен сладолед во вредност од 50,6 милиони долари. Потоа следуваат Грција (29,7 милиони долари) и Хрватска (24,3 милиони долари).

Слични содржини