Извршителите треба да добијат поголема слобода во за Законот за репрограмирање на долговите преку кој треба да се отпишат каматите на граѓаните за неплатени долгови кон Јавните претпријатија на државно и локално ниво, смета Премтим Ќерими од Комората на извршители.
Во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Ќерими, објасни дека за да им бидат отпишани долговите по однос на камати, согласно законот за репрограмирање на долговите, граѓаните ќе треба самите да се обратат кај компаниите коишто се побарувачи.
„Мислам дека ова што се предвидува со најавата за новиот закон, дека самиот должник треба да биде дел од целата оваа постапка мислам дека не е добро. Треба да биде по сила на закон. Јавните претпријатија нема да бидат во можност да одговорат на потребите и условите коишто се предвидени во законот, зборувам за јавните претпријатија. Треба да им се даде малку слобода на извршителите бидејќи тие знаат како е најдобро да профункционира овој закон“, вели Ќерими.