Извршителите ги олесниле граѓаните за 830 милиони евра

од desk3
75 прегледи

Откако пред десет години се воведе извршителскта дејност почнаа милионски суми се вртат во нивните раце.. Само на сметките на десетте извршители со најголеми приходи  – се свртеле близу 4 милиони евра. Во последните десет години во нивните џебови се слеале 830 милиони евра. 

Во последниот извештај извештај на Комората на извршители, од 2015 година, поднесени се 352  претставки за работата на извршителите. Најголемиот дел од претставките се поднесени токму од должниците. Сепак, претставките против извршителите најчесто се констатира дека се без основа.

Трошоците што граѓаните ги плаќаат во постапките се енормни, и затоа, граѓанските организации бараат нивно намалување. Проблемот е што некогаш и за минимална сума долг потоа се враќаат огромни износи доколку случајот заврши пред извршител. Едно од ветувањата на актуелната Влада, во предизборната кампања на последните парламентарни избори беше дека ќе следуваат законски измени со кои трошоците за извршителите ќе бидат намалени.

„Ќе го намалиме надоместокот за извршителите и за должниците кои се социјални случаи, извршувањетоќе биде без наплата на извршителска тарифа. Ќе воведеме ограничувања според кои судските такси и трошоци нема да можат да бидат повисоки од 20% од спорот, а кумулативот на каматите нема да смее да биде повисок од висината на главнината, за сите семејства чии просечен месечен приход е понизок од една просечна месечна плата, се наведува во програмата на СДСМ..

Само во 2015 година, од кога датира последниот извештај на Комората на извршители, поднесени се 352  претставки за работата на извршителите. Најголемиот дел од претставките се поднесени токму од должниците. Сепак, претставките против извршителите најчесто се констатира дека се без основа.

Дополнително, Комората на извршители смета дека процентот на поднесени претставки за работата на извршителите е низок со оглед на бројот на примени предмети, што во 2015 годин изнесувале околу 154 илјади.