Преговорите за надминување за разликите околу името меѓу Македонија и Грцја добиваат на интензитет. Пред новата рунда преговори официјална Атина покажува конструктивност и дава надеж за надминување на разликите, во исто време расте отпорот кај опозицијата, црквата, радикалите , се тоа медиумски доследно спакувано и сите заедно ја нагласуваат улогата на негативци и контраши на власта и Владата на Ципрас.
Власта го дава морковот а опозицијата тепа со стапот е моменталната слика во преговарачката позиција на Грција. Сега на виделина излегуваат и анкетите и медиумските изјави, се со цел засилување на преговарачката позиција на Грција.
Тактика или општество кое знае да се брани ќе покаже времето, но последното истражување вели дека речиси седум од десет Грци не се согласуваат терминот Македонија да биде вклучен во името. Според анкетата на агенцијата „Марк“ за грчкиот весник „Прото тема“, 68 отсто од испитаниците одговараат негативно на прашањето дали Грција треба да се согласи за сложено име со терминот Македонија. Позитивен одговор, дале само 23.6 проценти од анкетираните .
– Не го сака грчкото општество, од Еврос до Крит, ниту пак поддржувачите на СИРИЗА (64 отсто). 68 отсто НЕ за име со Македонија, пишува неделникот „Прото тема“ на насловната страна, во однос на спроведената анкета.
Од оние кои одговориле негативно на прашањето за терминот Македонија, според резултатите, 63.8 отсто се гласачи на владејачката СИРИЗА, а слична е климата и кај оние кои на изборите во 2015 гласале за опозициската Нова демократија, 67 отсто се против зборот „Македонија“.
Лидерот на Независни Грци Панос Каменос, пак, во колумна за неделното издание на весникот „Димократиа“ пишува, меѓу другото, за референдум во Грција, позициите за името, барањето терминот Македонија да не биде вклучен во сложеното име.
– Грчкиот народ ќе треба да одлучи за ова, без преседан во историјата на човештвото, отстапување на истријата и културата на друг народ.- пишува Каменос и објаснува дека секое вклучување на термниот Македонија во името би значело пад на грчката култура, историја, уметност и сл.
Коалицискиот партнер во грчката влада, вели дека „одлуката за вклучување на терминот Македонија, ги надминува овластувањата на кој било политичар“.
Кон крајот на октомври минатата година, говорејќи во Солун, Панос Каменос, рече дека е потребно да се распише референдум и во Грција за името, а три месеци подоцна, одново го споменува неговото барање. Претставници на грчката влада од редовите на СИРИЗА, во изминатиот период велеа дека нема да биде потребно одржување референдум во Грција.
Евидентно е дека позициите се засилуваат и со подигањето на нивото на преговарачите. Пред новата средба во Њујорк со посредникот Нимиц на маса ќе седнат и министрите Димитров и Коѕијас
Интернет изданието на грчкиот весник Real објави дека македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе имаат билатерална средба на 24 јануари за време на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Средбата Заев – Ципрас, според весникот, е факт што ги потврдува информациите дека за време на разговорите на шефовите на дипломатиите Коѕијас – Никола Димитров во Солун, постоел голем напредок. Коѕијас и Димитров, како што пренесува Real, ќе бидат исто така во Давос.
Грција засилено ја гради својата позиција и власта и опозицијата и рамо до рамо со нив грчката црква.
Македонија освен амбиентот на организирање на добрососедство и позитивна клима нема или не го соопштува концепт во преговорите. Опозицијата воопшто и не учествува, освен старата флоскула„ Името не го даваме“.Нема изјави од релевантните чинители, нема н став. Сите би се сокриле зад референдумот за чиј исход никој нема дилеми, но ќе биде згодно дасе пича на оправдувањето..ама „народот така сака“.Тврдокорен е синдромот на популизмот и од тоа нема бегање.
Едно е сигурно за двете страни, решението ќе мора да биде испорачано до самитот на НАТО во ЈУЛИ, а до колку не се најде решение, тогаш веројатноста да се оди во членство во НАТО со привремената референца БЈРМ е многу извесна. но за тоа не решава МАкедонија. Можеби и поарно.
КА